Започна жетвата на кочанскиот ориз, министерот Серафимовски во посета на селото Чифлик

Започна жетвата на кочанскиот ориз, министерот Серафимовски во посета на селото Чифлик

Со традиционалното рачно зажнејување во селото Чифлик, општина Чешиново-Облешево, денеска официјално беше означен почетокот на годинешната жетва на оризот во Кочанскиот Регион.

На настанот присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој им посака плодна жетва и бериќетен род на локалните земјоделци.

За време на средбата со оризопроизводителите, министерот Серафимовски ја истакна важноста на оваа земјоделска култура, која претставува препознатлив белег на овој крај и стратешки производ за македонскиот аграр.

Тој упати признание до земјоделците за нивната истрајност и труд во зачувувањето на традицијата и одржувањето на квалитетното македонско производство.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.