ДЗС: Над 63% од енергијата во 2023 година е од увоз

ДЗС: Над 63% од енергијата во 2023 година е од увоз

Според податоците за енергетските биланси за 2023 година објавени од Државниот завод за статистика (ДЗС), Македонија останува високо зависна од увозот на енергија, додека бруто-примарното производство бележи значителен пад.

Во 2023 година, вкупната потребна енергија изнесувала 2.707.695 тони нафтени еквиваленти (тое). Од оваа количина, дури 63.2% е обезбедена од увоз, што ја потврдува високата увозна зависност на земјата.

Во структурата на вкупната потрошувачка, најмногу се застапени нафтените продукти со учество од 43.3% и цврстите горива со учество од 30.0%.

Бруто-примарното производство во 2023 година изнесувало 942.472 тое, што претставува намалување од 9.3% во споредба со претходната 2022 година. Најголем негативен придонес кон овој пад има производството на лигнит (јаглен), каде е забележан пад од 19.3%.

Сепак, кај обновливите извори на енергија има голем раст: Соларната електрична енергија со раст од 369.6% и хидроенергијата со раст од 20.6%.

Финалната енергетска потрошувачка во 2023 година достигнала 1.793.862 тое, а најголем потрошувач останува секторот Сообраќај.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.