Управата за јавни приходи (УЈП) упати апел до сите даночни обврзници навремено да ги поднесат ДДВ-04 пријавите и да го платат даночниот долг за изминатиот даночен период, имајќи предвид дека рокот е поместен поради неработен ден.
Иако законскиот рок за поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавите (месечни и тримесечни) е 25 октомври (сабота), бидејќи тој е неработен ден, рокот се поместува за првиот нареден работен ден – понеделник, 27 октомври 2025 година.
УЈП предупредува дека поради скратената работна недела, даночните обврзници имаат пократок период за подготовка и исполнување на овие обврски.
Од УЈП апелираат до даночните обврзници, обврските да се исполнат навремено и да не го чекаат последниот ден од законски утврдениот рок, со цел да се избегне преоптоварување на системот и можни технички пречки во последен момент,“ се вели во соопштението на УЈП.
Напоменуваат дека поднесувањето на пријавата без истовремено плаќање на долгот не ги исполнува законските обврски. Само со целосно точно и навремено поднесување на пријавата и плаќање на обврските, се избегнуваат дополнителни камати, санкции и непотребен стрес.