Божиновска: Енергетските реформи влегуваат во забрзана фаза

Божиновска: Енергетските реформи влегуваат во забрзана фаза

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска најави дека енергетските реформи влегуваат во забрзана фаза, со цел изградба на енергетски систем што ќе донесе стабилност, доверба и европски стандарди.

Изјавата следи по одржаниот состанок во Владата со Секторската работна група за енергетика, на кој присуствуваа сите клучни институции и меѓународни партнери. Министерката потенцираше дека целта на состанокот не била само пренесување извештаи, туку и потврда дека веќе има резултати и дека претстои уште побрзо темпо на работа.

Божиновска истакна дека инвестициите во соларна енергија и ветер се зголемуваат, а клучните инфраструктурни проекти и интерконекторите со регионот напредуваат. Дополнително, енергетските институции активно работат на модернизација и побезбедност на мрежата.

Паралелно со производството, се подготвуваат и програми за реконструкција на јавните згради и зголемување на енергетската ефикасност, бидејќи, како што нагласи министерката, „секој киловат што нема да го потрошиме вреди исто како и оној што ќе го произведеме“.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.