ИЗБРАНА Е ТРАСАТА ЗА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КОЧАНИ-ВИНИЦА-ДЕЛЧЕВО: Изградбата се очекува да започне при крајот на летото во 2027 година

ИЗБРАНА Е ТРАСАТА ЗА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КОЧАНИ-ВИНИЦА-ДЕЛЧЕВО: Изградбата се очекува да започне при крајот на летото во 2027 година

Избрана е една од двете варијанти за новиот експресен пат Кочани-Виница-Делчево со клучка до Македонска Каменица, при што во тек се физибилити и еколошката студија, изјави премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на Делчево, каде што изврши увид во градежните активности на ЈЗУ Здравен дом „Гоце Делчев“ и почетокот на реконструкцијата на градската спортска сала во Спортско-рекреативниот центар.

Проектот веќе е претставен пред Европската инвестициска банка и пред Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) од страна на премиерот и од министерот за транспорт Александар Николоски, а апликацијата е поднесена. Тој наведе дека доколку сè се одвива според планираното, сите физибилити студии би биле завршени напролет, додека поставувањето камен-темелник се очекува кон крајот на летото или почетокот на есента 2027 година, со што значително ќе се подобри поврзувањето на овој дел од државата со останатите региони.

Премиерот Мицкоски информираше и дека од понеделник треба да започне реконструкцијата на патниот правец од Делчево до граничниот премин со Бугарија.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.