ТЕРАКОТНИ РЕЛЈЕФИ ОД ВИНИЧКОТО КАЛЕ: Архангел Михаил како небесен заштитник на војниците во доцната антика

ТЕРАКОТНИ РЕЛЈЕФИ ОД ВИНИЧКОТО КАЛЕ: Архангел Михаил како небесен заштитник на војниците во доцната антика

Еден од највпечатливите аспекти на теракотните релјефи од Виничкото Кале, кои потекнуваат од втората половина на петтиот до првите три децении на шестиот век, е нивниот изразен војнички карактер, соопшти Националниот археолошки музеј.

Светите воини Ѓорѓи, Христифор и Теодор, старозаветните воини Исус Навин и Калеб, Ахил, коњаниците и борбените сцени, како и војничките референци во латинските натписи, укажуваат дека примарната публика за која биле наменети овие дела најверојатно биле војниците. Во рамките на овој иконографски репертоар посебно место зазема Архангел Михаил (SANCTUS MIHAEL), кој како врховен заповедник на небесната војска и победник над силите на злото имал значајна заштитничка улога за војниците во доцната антика.

Од музејот појаснуваат дека во период на постојани воени судири и несигурност, потребата од божествена заштита била особено нагласена кај војничката популација. Во тој контекст се разгледува и можната апотропејска функција на виничките теракоти, односно верувањето дека тие обезбедуваат заштита како од реалните непријатели, така и од демонските сили.

Истовремено, преку визуелен јазик близок до војничката традиција, овие релјефи служеле и како средство за приближување на христијанското учење до војниците. Збирката теракотни релјефи од Виничкото Кале, која со својата единствена иконографија има посебно место во светското ранохристијанско уметничко наследство, е изложена за посетителите во Националниот археолошки музеј.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.