УЈП НА ТЕРЕН СО КОНТРОЛИ ЗА ФИСКАЛИЗАЦИЈА: Изречени 95 санкции и запечатени четири објекти

УЈП НА ТЕРЕН СО КОНТРОЛИ ЗА ФИСКАЛИЗАЦИЈА: Изречени 95 санкции и запечатени четири објекти

Управата за јавни приходи (УЈП) во периодот од 20 октомври до 12 ноември спроведе теренски контроли за фискализација во вкупно 256 објекти низ државата, при што се констатирани неправилности и изречени санкции кај 95 субјекти, а за четири објекти е изречена мерка привремена забрана за вршење дејност, односно запечатување.

Според објавените податоци, најголем дел од надзорите се извршени во трговски објекти, вкупно 161, по што следуваат 72 угостителски објекти, 22 услужни дејности и еден објект од областа на игрите на среќа. Кај 161 контролиран објект не се утврдени неправилности во работењето, додека во истиот период до УЈП пристигнале и 53 пријави од граѓани, од кои 38 по електронска пошта и 15 преку телефонската линија 198.

По градови, најголем број контроли и утврдени прекршувања се регистрирани во Куманово, каде што од 42 надзори биле утврдени 27 неправилности. Во Скопје од 16 контроли се констатирани 10 неправилности, а во Тетово од 15 контроли биле евидентирани девет неправилности.

Значителен број прекршувања во однос на извршените надзори се забележани и во Македонска Каменица (пет неправилности од осум контроли), Струга (пет од 15 контроли), Кочани (четири од пет контроли), Штип (четири од шест контроли) и Делчево (четири од шест контроли). По три неправилности се утврдени во Гевгелија од девет контроли, додека по две неправилности се регистрирани во Битола (од 28 контроли), Велес (од 22 контроли), Прилеп (од 19 контроли), Струмица (од 13 контроли), Кавадарци (од 11 контроли), Гостивар (од осум контроли), Берово (од три контроли), како и во Кичево и Виница, каде што при две извршени контроли биле утврдени неправилности кај двата субјекта.

По една неправилност е констатирана во Радовиш (од пет контроли), Центар Жупа и Свети Николе (од по три контроли), Крива Паланка и Демир Капија (од по две контроли) и во Македонски Брод при една извршена контрола. Единствено во Неготино (пет контроли), Охрид (четири контроли) и Демир Хисар (една контрола) не се евидентирани прекршувања на Законот за регистрирање готовински плаќања.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.