Обезбедени 94 милиони денари за киното „Партизан“ во Битола, Љутков и Коњановски извршија увид во градежните активности

Обезбедени 94 милиони денари за киното „Партизан“  во Битола, Љутков и Коњановски извршија увид во градежните активности

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари работна средба со министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на која се разговараше за тековните проекти, инфраструктурните предизвици и идните стратегии за развој на културниот туризам во градот. На состанокот во кабинетот на градоначалникот присуствуваше и секретарот на Општината, Борче Димитровски, при што министерот Љутков потенцираше дека Битола останува еден од клучните и најсилните столбови на македонската уметност, култура и духовност.

По почетната средба, Коњановски и Љутков, придружувани од битолските пратеници, претседателот на Советот и директорите на локалните национални установи, извршија теренски увид во градежните активности за целосна реконструкција на поранешното кино „Партизан“. Министерот информираше дека реконструкцијата се наоѓа во напредна фаза и дека градежната динамика се одвива одлично. За комплетно завршување на овој проект се обезбедени околу 94 милиони денари, а според моменталното темпо на работа, објектот се очекува да биде готов и пуштен во употреба до крајот на 2027 година, што е и нешто побрзо од првично планираниот рок.

Поранешниот кино-објект се трансформира во современ мултифункционален културен центар. Новиот простор ќе понуди модерно галериско уредување и дополнителна сала со иновативни архитектонски решенија, што директно ќе ја збогати културната и туристичката понуда на Битола.

Во рамки на денешната агенда, градоначалникот и министерот ги посетија и Јени џамија, како и археолошкиот локалитет „Хераклеа Линкестис“, каде што Министерството за култура и туризам реализира значајни капитални инвестиции за заштита на културното наследство.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.