Мицкоски потпиша меморандум со Казанџи Груп за инвестиции во енергетиката до една милијарда евра

Мицкоски потпиша меморандум со Казанџи Груп за инвестиции во енергетиката до една милијарда евра

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека Владата испраќа „јасен сигнал дека има волја, план и капацитет да го обезбеди својот енергетски суверенитет и да го заштити својот економски интерес на државата на долги патеки“.

Ова доаѓа по потпишувањето на меморандум со „Казанџи Груп“, со кој се отвора простор за реализација на значаен стратешки проект вреден до една милијарда евра. Според Мицкоски, оваа инвестиција ќе има „реално, практично и долгорочно влијание врз енергетскиот систем на државата“.

Проектот предвидува развој на нови капацитети за производство на електрична енергија, изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас и мерки за зголемување на сигурноста во снабдување со гас. Овој потег е дел од владините напори за зајакнување на енергетската независност на Македонија.

Следете ги најновите вести на Viber
Мицкоски потпиша меморандум со Казанџи Груп за инвестиции во енергетиката до една милијарда евра