Просечната нето-плата во мај достигна 49.544 денари, годишен раст од 8,2 проценти

Просечната нето-плата во мај достигна 49.544 денари, годишен раст од 8,2 проценти

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај изнесуваше 49.544 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Во споредба со истиот месец од претходната година, просечната нето-плата забележа раст од 8,2 проценти.

Според статистичките податоци, овој годишен раст првенствено се должи на зголемувањето на платите во неколку сектори. Најголем скок е забележан кај снабдувањето со вода, отстранувањето отпадни води и управувањето со отпад со раст од 11,9 проценти, потоа во секторот уметност, забава и рекреација со 11,3 проценти, како и во транспортот и складирањето, каде што просекот е повисок за 10,9 проценти.

На месечно ниво, во споредба со април оваа година, најголемо зголемување на нето-платата е евидентирано во трговијата на големо и мало и поправката на моторни возила за 6,3 проценти, во рударството и вадењето камен за 5,8 проценти, како и во секторот транспорт и складирање за 5,7 проценти.

Во истиот период, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесуваше 74.482 денари, што исто така претставува годишен раст од 8,2 проценти во споредба со мај 2025 година.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.