Министерката Божиновска оствари средба со претставници на КФВ банка, во фокусот е изградба на интерконектор Македонија-Косово

Министерката Божиновска оствари средба со претставници на КФВ банка, во фокусот е изградба на интерконектор Македонија-Косово

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со раководството на МЕПСО, одржа работна средба со претставници на германската развојна банка КФВ. Средбата се фокусираше на клучни проекти за модернизација и регионално поврзување на енергетската инфраструктура во Македонија.

Главните точки на дискусија опфатија неколку стратешки иницијативи:

- Подготовка на нов Правилник за мрежата (Grid Code) – усогласен со европските стандарди.

- Изградба на интерконектор Македонија – Косово (400 kV), со пред-физибилити студија и заедничка апликација до WBIF.

- Јакнење на електропреносната мрежа преку приоритетни линии: 110 kV Струја – Куманово – Крива Паланка и 400 kV Штип – Радовиш – Струмица – Петрич/Сандански (Бугарија).

Министерката Божиновска истакна дека овие проекти се од суштинско значење за создавање сигурен и модерен електроенергетски систем кој ќе може да го поддржи планираниот раст на обновливите извори на енергија.

Министерката Божиновска оствари средба со претставници на КФВ банка, во фокусот е изградба на интерконектор Македонија-Косово