Југоисточниот регион со најголемо учество во бруто додадената вредност во земјоделството

Југоисточниот регион со најголемо учество во бруто додадената вредност во земјоделството
Сподели:

Според податоците од Државниот завод за статистика, Југоисточниот регион на Македонија има најголемо учество во креирањето на бруто-додадената вредност во земјоделството за 2023 година, со учество од 31.6%.

Следен по важност е Пелагонискиот регион, кој придонесува со 27.8% во оваа вредност, додека најмало учество има Југозападниот регион со само 2.0%.

Во поглед на структурата на земјоделското производство, Југоисточниот регион исто така доминира во создавањето на вредноста на растителното производство со учество од 32.8%, додека Пелагонискиот регион има најголемо учество во добиточното производство со 20.8%.