МВР објави тендер за нови униформи за полицијата

МВР објави тендер за нови униформи за полицијата

Министерството за внатрешни работи објави тендер за нови униформи и за замена на старите, непрактични и нефункционални униформи со нови, модерни, квалитетни и функционални по терк на европските полиции.

Министерството оствари технички дијалог со 13 заинтересирани компании при што беа земени во предвид сите сугестии и предлози. Министерството апелира на тендерот да се јават сите заинтересирани компании и во утврдените рокови, да може да се промовира новата, модерна, квалитетна и функционална униформа за оние кои се грижат за безбедноста на македонските граѓани.

Новата униформа во себе ќе содржи елементи како виндјакна, теренска јакна, летни и зимски теренски панталони, кошули со кратки и долги ракави, капи, маички, чевли со потенок и подебел ѓон и високи зимски и летни тактички чизми.

Тендерот е објавен на електронскиот систем за е-набавки и на него можат да учествуваат сите заинтересирани компании.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.