РКЕ ја зголеми цената на дизелот и мазутот, новите цени стапуваат на сила од полноќ

РКЕ ја зголеми цената на дизелот и мазутот, новите цени стапуваат на сила од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26% во однос на претходната пресметка од 15.09.2025 година. Оваа промена ќе се одрази на цените на дизелот, екстра лесното масло и мазутот, додека цените на бензините остануваат непроменети.

Според последната пресметка, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар покажуваат мешан тренд. Бензините поевтинуваат за 0,368%, додека цените на дизелот, екстра лесното масло и мазутот се зголемуваат. Така, дизелот бележи зголемување од 2,18%, екстра лесното масло за 1,48%, а мазутот за 1,69%.

Дополнително, ослабувањето на курсот на денарот во однос на доларот за 0,6675% има влијание врз цените на нафтените деривати.

Од 23 септември 2025 година, од 00:01 часот, максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе бидат:

- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 – 75,50 денари/литар.

- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 – 77,50 денари/литар.

- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 69,50 денари/литар.

- Масло за горење Екстра лесно (ЕЛ-1) – 69,00 денари/литар.

- Мазут М-1 НС – 36,947 денари/кг.

Сите други нафтени деривати, освен дизелот и мазутот, ќе останат на исти цени. Малопродажната цена на дизелот ќе се зголеми за 0,50 ден/лит, додека мазутот ќе поскапе за 0,207 ден/кг.

РКЕ нагласува дека овие цени претставуваат максимални износи и дека трговците на големо и мало со нафтени деривати и горива за транспорт имаат право да ги формираат цените и пониско од утврдените максимуми.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.