Македонските земјоделски производи ќе се промовираат на саеми во Франција

Македонските земјоделски производи ќе се промовираат на саеми во Франција

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, оствари работна средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер, и регионалниот советник за земјоделство, Александре Мартинез. На состанокот беа разгледани можностите за зајакнување на билатералните односи во аграрниот сектор, со посебен фокус врз европските интеграции и усогласувањето со стандардите на Европската Унија.

За време на разговорите, посебен акцент беше ставен врз зголемувањето на присуството на македонските земјоделски и прехранбени компании на реномираните француски саеми. Ваквата соработка има за цел да овозможи промоција на домашните производи, отворање нови извозни пазари и воспоставување директни бизнис-партнерства со француски компании.

Соговорниците ја потврдија заложбата за продолжување на конструктивниот дијалог преку конкретни иницијативи насочени кон модернизација, поголема конкурентност и меѓународна афирмација на македонскиот аграрен сектор.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.