Прилеп во потрага по австралиски инвестиции: Градоначалникот Проданоски на средба со амбасадорот Трасвел

Прилеп во потрага по австралиски инвестиции: Градоначалникот Проданоски на средба со амбасадорот Трасвел
Сподели:

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари работна средба со австралискиот амбасадор Питер Трасвел, почесниот конзул и претставници на Амбасадата на Австралија. На состанокот беа разгледани можностите за продлабочување на билатералните односи, привлекување странски инвестиции и користење на австралиските грантовски програми за локален развој.

За време на средбата е истакнато дека Прилеп има долгогодишна традиција на соработка со Австралија, започната уште во 2008 година преку партнерството со општината Винсент од Перт. Градоначалникот Проданоски ги презентираше економските и туристичките капацитети на градот, со посебен акцент врз можностите за инвестирање во секторите поврзани со природните ресурси, суровините и индустријата.

На средбата беа презентирани и можностите од Програмата за директна помош (Direct Aid Program) на австралиската амбасада, која нуди финансирање за локални проекти на невладиниот сектор и граѓанските организации. Програмата става приоритет врз зелената транзиција, заштитата на животната средина, како и зајакнувањето на улогата на жените и младите во економијата.

Општина Прилеп и австралиската делегација искажаа подготвеност оваа средба да прерасне во платформа за нови бизнис-контакти, размена на искуства и конкретни социјални и економски проекти.