Се зајакнува Стратегијата за привлекување странски инвестиции: Германија нуди експертска поддршка за македонската економија

Се зајакнува Стратегијата за привлекување странски инвестиции: Германија нуди експертска поддршка за македонската економија

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Јовица Палашевски, оствари работна средба со заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија, Јан-Аксел Вос, и со претставниците на Германскиот економски тим (GET), советникот Бјорн Воглер и проектниот менаџер Себастиан Стаск.

Фокусот на разговорите беше ставен врз Стратегијата за привлекување странски директни инвестиции и можностите за нејзино зајакнување преку користење на германската експертиза, досегашните искуства и меѓународните практики.

За време на средбата се разгледани конкретни предлози за воспоставување поефикасен и координиран механизам за претставување на домашните инвестициски потенцијали пред странските компании. Главниот акцент е ставен врз организирање насочени промотивни активности и воспоставување непосредни контакти со потенцијални инвеститори.

Соговорниците разгледаа и можности за организирање обуки и програми за јакнење на институционалните и кадровските капацитети, како и за пренесување на германските искуства во областа на привлекувањето и поддршката на странските инвеститори. Од германска страна беше потврдена целосната подготвеност за продолжување на соработката и обезбедување конкретна експертска поддршка за подобрување на целокупниот систем за странски инвестиции во земјата.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.