Во Кавадарци интензивно се гради нов СПА центар кој ќе има сауна, џакузи и простории за масажа

Во Кавадарци интензивно се гради нов СПА центар кој ќе има сауна, џакузи и простории за масажа

Во Општина Кавадарци интензивно се одвиваат градежните активности за изградба на нов СПА центар. Новиот капацитет се реализира како директна доградба на постојниот спортско-рекреативен објект на затворениот базен и ќе се протега на површина од 240 квадратни метри, информираше градоначалникот Митко Јанчев.

Со оваа доградба, затворениот базен добива дополнителни содржини кои значително ќе ја комплетираат рекреативната понуда за сите посетители и жители на општината.

Новопроектираниот простор е конципиран да понуди современи стандарди за одмор, нега и рекреација. Во рамките на објектот предвидено е сместување на повеќе специфични содржини: Парна бања и сауна, хидромасажно џакузи, топли лежалки и клупи за релаксација, простории наменети за масажа, нови тушеви, соблекувални, како и придружни санитарни и технички простории.

Целосниот изведувачки процес на градежните работи на терен го реализира градежната компанија „Жикол“. Со завршувањето на градежните активности, Кавадарци ќе добие модерен спортско-рекреативен комплекс кој ги спојува пливањето и СПА услугите на едно место.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.