Инвестиција од 150 милиони долари во воената индустрија - Премиерот Мицкоски потпиша меморандум со компанијата „Бурсток“

Инвестиција од 150 милиони долари во воената индустрија - Премиерот Мицкоски потпиша меморандум со компанијата „Бурсток“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави дека е потпишан Меморандум за разбирање со американско-британската компанија „Бурсток“, со кој се најавува голема инвестиција во наменската воена индустрија во Македонија.

Според објавата на премиерот, почетната инвестиција од страна на „Бурсток“ ќе достигне до 150 милиони долари и ќе овозможи отворање на 1.000 нови, високоплатени работни места.

„Денеска потпишавме меморандум за разбирање со Американско-британската компанија Бурсток којашто ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари, ќе имаме нови високоплатени 1.000 работни места и ова е само почеток,“ истакна Мицкоски.

Премиерот, исто така, најави дека ова е само почеток на соработката, со очекувања инвестициите во воената наменска индустрија да достигнат повеќе од една милијарда долари.

Компанијата „Бурсток“ има долгогодишно искуство во областите на одбраната, дипломатијата, безбедноста и разузнавањето, како и во обуката, консултантски услуги и управување со проекти. Како што информираше Мицкоски, таа е специјализирана и во поморскиот и воздухопловниот комерцијален сектор.

Следете ги најновите вести на Viber
Инвестиција од 150 милиони долари во воената индустрија - Премиерот Мицкоски потпиша меморандум со компанијата „Бурсток“