Просечната нето-плата во август достигна 45.310 денари, годишен раст од 10,3%

Просечната нето-плата во август достигна 45.310 денари, годишен раст од 10,3%

Според најновите податоци објавени од Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2025 година изнесува 45.310 денари.

Овој е годишен раст од 10,3% во споредба со просечната нето-плата исплатена во август 2024 година. Истиот процент на зголемување, од 10,3%, е забележан и кај просечната месечна бруто-плата, која во август 2025 година изнесува 68.180 денари.

Најголемо влијание врз годишното зголемување на просечната нето-плата имаат секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита со раст од 14,6%, Образование со зголемување од 14,5%, Административни и помошни услужни дејности со раст од 14,1%.

Во однос на претходниот месец, зголемување на нето-платата е забележано кај: Уметност, забава и рекреација за 5,2%, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 4,7%, Рударство и вадење на камен за 4,5%.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.