Управата за јавни приходи (УЈП) упати потсетник до сите даночни обврзници дека крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите и за плаќање на даночниот долг за месец септември, како и за третиот квартал од 2026 година, е понеделник, 26 октомври. По поместувањето доаѓа бидејќи редовниот законски рок, 25 октомври, паѓа во недела.
Во овој даночен период се поднесуваат и месечните и тримесечните ДДВ-04 пријави. Од даночната управа апелираат до сите деловни субјекти да не го чекаат последниот ден за исполнување на обврските со цел да се избегне преоптоварување на електронскиот систем и евентуални технички пречки при поднесувањето.
Од УЈП нагласуваат дека редовното и навремено исполнување на даночните обврски директно придонесува за финансиската стабилност на деловните субјекти и за нивна целосна усогласеност со даночната регулатива.
За сите дополнителни прашања и поддршка, даночните обврзници можат да се обратат до Управата за јавни приходи преку електронската пошта info@ujp.gov.mk или на телефонските броеви 0800 33 000 за повици од фиксна линија и 02 3253 200 за повици од мобилен телефон.

