Бензините поевтинуваат за еден денар, цената на дизелот останува иста

Бензините поевтинуваат за еден денар, цената на дизелот останува иста

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,18% во однос на одлуката од 19.12.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,899%, кај дизелот за 0,779%, кај екстра лесното масло за 5,006% и кај мазутот зголемувањето е за 0,964%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0166%.

Од 23.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР (БС-95) - 70,00 (денари/литар).

- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР (БС-98) - 72,00 (денари/литар).

- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ (БС Д-Е V) - 64,50 (денари/литар).

- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 63,50 (денари/литар).

- Мазут (М-1 НС) - 32,607 (денари/килограм).

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,028 ден/кг и сега ќе изнесува 32,607 ден/кг.

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.12.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.