Трамп именуваше специјален пратеник за Гренланд, голема загриженоста во Данска

Трамп именуваше специјален пратеник за Гренланд, голема загриженоста во Данска

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги разбранува меѓународните односи со одлуката да го именува актуелниот гувернер на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд.

Овој потег ја потврдува долгогодишната амбиција на Трамп за ставање на стратешкиот арктички остров под американска јурисдикција, што предизвика реакција од Данска и Гренланд.

Трамп ја објави одлуката преку својата социјална мрежа Truth Social, нагласувајќи дека Гренланд е од суштинско значење за националната безбедност на САД.

„Џеф разбира колку е важен Гренланд за нашата национална безбедност и силно ќе ги промовира интересите на нашата земја за безбедноста, сигурноста и опстанокот на нашите сојузници и светот“, напиша Трамп во својата објава.

Ландри, кој е близок сојузник на Трамп, ја прифати улогата како волонтерска позиција и изјави дека му е чест да работи на тоа Гренланд да стане дел од САД, истовремено уверувајќи дека ова нема да влијае на неговата функција како гувернер на Луизијана.

Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, изјави дека е длабоко вознемирен од назначувањето и најави дека ќе го повика американскиот амбасадор на разговор за да побара објаснување.

Гренланд е богат со ретки метали и ресурси кои се од клучно значење за модерната технологија, сектор во кој моментално доминира Кина.

Следете ги најновите вести на Viber
Трамп именуваше специјален пратеник за Гренланд, голема загриженоста во Данска