ДЗС со пет пилоти ќе ја пречека сезоната на пожари: Заврши обуката на двајца нови воздухопловци во Шпанија

ДЗС со пет пилоти ќе ја пречека сезоната на пожари: Заврши обуката на двајца нови воздухопловци во Шпанија

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) го зголеми својот капацитет за справување со пожари на отворено, откако уште двајца пилоти успешно ја завршија специјализираната обука во Шпанија.

Со ова, Дирекцијата сега располага со вкупно пет пилоти оспособени за управување со противпожарните авиони од типот „ер трактор“.

На предлог на директорот Стојанче Ангелов, на тринеделна преобука во престижниот европски тренинг центар „Титан“ во Шпанија беа испратени искусните воздухопловци Роберт Малезански и Горан Блажески. Двајцата пилоти, кои зад себе имаат богати летачки биографии, веќе се стекнаа со светски признати сертификати за летање во сите услови за гаснење пожари.

Со нивното синоќешно враќање во земјава, Дирекцијата сега располага со вкупно пет пилоти оспособени да управуваат со противпожарните авиони „ер трактор“. Станува збор за специфични летала од типот амфибија, кои имаат можност да полнат вода директно од езерата, што е од клучно значење за брза реакција при гаснење на големи шумски пожари.

Овие двајца вработени во ДЗС со богати летачки биографии сега се оспособени за летање во сите услови за гаснење пожари на отворено. Со овој чекор, Дирекцијата навремено ги исполни неопходните услови за ефикасно дејствување и ја зголеми подготвеноста на државата пред претстојната летна сезона, кога опасноста од пожари е најизразена.

Асоцијација (08 април 2026)