ЗОО паркот во Штип ќе има нови животински видови: бодликави и виетнамски прасиња, волк, коати, ему, лемури и лебеди

ЗОО паркот во Штип ќе има нови животински видови: бодликави и виетнамски прасиња, волк, коати, ему, лемури и лебеди

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, најави значително збогатување на животинскиот свет во ЗОО паркот „Бриони“. Во пресрет на велигденските празници, семејството на паркот се проширува со нови жители, меѓу кои се бодликави и виетнамски прасиња, волк, коати, како и егзотичните ему, лемури и лебеди.

За потребите на новите животни веќе се подготвуваат нови и современи живеалишта. Со овој зафат значително се прошируваат капацитетите на паркот и се подобруваат условите за престој, што е дел од континуираните напори за модернизација на ова омилено место за рекреација.

Според градоначалникот Јорданов, овие новитети носат нова енергија и дополнителна атрактивност за посетителите. Тој потенцираше дека ЗОО паркот прераснува во вистинско катче за прошетка, дружење и едукација на најмладите, со што Штип се позиционира како центар на Источна Македонија. Со ваквите содржини, градот нуди нови доживувања и незаборавни спомени за сите генерации.

Асоцијација (08 април 2026)