Полициски службеници од СВР Скопје вчеравечер околу 19:30 часот на подрачјето на Чаир ги лишија од слобода 35-годишниот Ј.Г. и уште едно малолетно лице, двајцата државјани на Романија. Приведувањето следувало по пријава дека лицата измамиле 83-годишна жена од Скопје.
Според информациите од МВР, Ј.Г. дошол во домот на оштетената во населбата Ѓорче Петров, лажно претставувајќи се како продавач на луксузни производи за домаќинство. Преку измама, тој успеал од жената да одземе 300 евра и златен накит, со вкупна вредност од околу 300.000 денари.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.






