Управата за јавни приходи (УЈП) ја информира јавноста дека поради планирани активности за унапредување и модернизација на ИТ инфраструктурата, системот „МојДДВ“ ќе биде привремено недостапен за граѓаните. Прекинот на услугата започнува денес, со почеток од 12:00 часот.
Причината за привремената недостапност е извршување на комплексен процес на миграција на целиот систем на сосема нова инфраструктура. Според соопштението од УЈП, оваа техничка надградба се спроведува со цел да се обезбеди значително поголема сигурност на податоците, стабилност на апликацијата и подобра достапност на услугата за корисниците во иднина.
Од Управата нагласуваат дека ИТ тимовите интензивно работат на терен и дека апликацијата за скенирање фискални сметки ќе биде повторно ставена во целосна функција веднаш по завршување на предвидените технички активности.







