После локалните избори ќе има реконструкција на Владата

После локалните избори ќе има реконструкција на Владата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, даде отчет на настанот „4 години работа за тебе“, кадешто најави промени и реконструкција во Владата, истакнувајќи ја потребата за поголема динамика и ефикасност. Во своето обраќање, тој ја отфрли можноста за коалиција со ДУИ, посочувајќи дека партијата ќе остане во опозиција.

„После овие избори ќе ги отвориме вратите на партијата за нови смени и за нови луѓе. И во Владата ќе има реконструкција, подобрување и поголема динамика на капацитетите“, изјави Мицкоски. Тој појасни дека промените се неопходни за да се овозможи уште посилно и похрабро темпо за промените што се спроведуваат.

Премиерот нагласи дека ротациите нема да значат дека заменетите лица биле лоши или немарни, туку дека на Владата ѝ е потребен подинамичен капацитет за да може да одговори на предизвиците.

Осврнувајќи се на шпекулациите за можна коалиција со ДУИ, Мицкоски беше дециден: „Мојот директен одговор е дека ДУИ уште долго време ќе биде опозиција, затоа што досега не научи ниту една лекција. Не ги ставивме во опозиција за да се вратат на власт без ниту една научена лекција.“

После локалните избори ќе има реконструкција на Владата