Реконструкцијата на салата „Работнички“ во финална фаза, завршени 65% од работите

Реконструкцијата на салата „Работнички“ во финална фаза, завршени 65% од работите

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, преку својот профил на Фејсбук објави дека реконструкцијата на култната спортска сала „Работнички“ влегува во својата финална фаза, а досега се завршени 65 отсто од предвидените градежни активности.

Герасимовски истакнува дека во моментов се работи на инсталациите, внатрешното уредување и финализирање, како и на горните делови од објектот и фасадата.

„Со реконструкцијата, федерациите ќе добијат современи услови за работа, а КК „Работнички“ конечно ќе се врати во својот дом. Покрај тоа, Скопје ќе добие модерна спортска сала која ќе ги задоволува потребите на спортистите и на публиката“, напиша градоначалникот.

Реконструкцијата на салата „Работнички“ во финална фаза, завршени 65% од работите