Стокомак го отвори четвртиот маркет во Србија

Стокомак го отвори четвртиот маркет во Србија

Стокомак, еден од најголемите дисконт ланци на маркети во Македонија, продолжува со своето проширување на српскиот пазар. Денес свечено беше отворен нивниот четврти маркет во Србија, лоциран во Панчево, на адреса: Ул. Новосељански Пут, влез бр.39Д.

Од Стокомак изразија голема благодарност до граѓаните на Панчево за големиот интерес и бројната посета уште на првиот ден, што го сметаат за најголема потврда за нивниот труд и успех. Посебна благодарност упатија и до своите вработени, чија посветеност и напорна работа придонесоа за успешната реализација на овој проект.

Седиштето на компанијата за Србија се наоѓа во Ниш. Досега се отворени маркети во четири града: Пирот, Ниш, Лесковац и Панчево. Во првата фаза на проширување планираат да отворат маркет и во Параќин.

Концептот на Стокомак се заснова на продажба на основни прехранбени и непрехранбени производи по ниски цени со свои сопствени брендови.

Стокомак го отвори четвртиот маркет во Србија