Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), донесе три одлуки за едностран раскин на Договори за концесија за експлоатација на минерални суровини и една одлука за одбивање на ново барање за концесија. Одлуките се веќе објавени во Службен весник на Република Македонија.
Од формирањето на Министерството до денес, вкупно се донесени 34 одлуки за едностран раскин на концесии поради:
- Непочитување на законските одредби за експлоатација на минерални суровини.
- Неплаќање на концесиски надоместоци согласно утврдениот тарифник.
- Непочитување на мерките за заштита на животната средина.
- Пренесување на концесијата на друг субјект без согласност.
- Експлоатација надвор од одобрениот експлоатационен предел.
Во моментов се во тек и повеќе постапки за раскин или одбивање на продолжување на концесии по исти или слични причини. Во истиот период констатиран е и раскин на 11 дозволи за експлоатација поради истек на договорот за концесија.
„Нашата цел е транспарентно и одговорно управување со природните ресурси. Со засилената контрола и примената на законските мерки, обезбедуваме фер и одржлива експлоатација, која носи економски придобивки за државата и поддршка за локалните заедници. Овие одлуки се директна последица на посветените активности и системската работа на Министерството за воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси, подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите.“ - истакна министерката Божиновска.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини спроведува засилени инспекциски контроли и писмени опомени и санкции до концесионерите