УЈП: Уште два дена за поднесување и плаќање на ДДВ за август

УЈП: Уште два дена за поднесување и плаќање на ДДВ за август

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите даночни обврзници дека остануваат уште два работни дена до крајниот рок за поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавите за даночниот период 01.08 – 31.08.2025 година. Крајниот рок истекува во четврток, 25 септември 2025 година.

УЈП апелира до обврзниците навреме да ги достават потребните документи до своите сметководители и да не го оставаат исполнувањето на законските обврски за последен момент.

Според податоците на Управата, од вкупно 7.748 очекувани пријави, досега се поднесени само 2.057, што претставува околу 27% од вкупниот број даночни обврзници кои се должни да поднесат ДДВ-04 пријава.

Од УЈП нагласуваат дека навременото поднесување и плаќање не само што е законска обврска, туку и клучен чекор за одржување на добра даночна историја, избегнување на дополнителни трошоци, камати и санкции, како и за финансиска стабилност на деловните субјекти.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.