Божиновска: Соларната енергија е сегашноста, но следниот чекор е ред, план и силна мрежа

Божиновска: Соларната енергија е сегашноста, но следниот чекор е ред, план и силна мрежа

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја отвори петтата Годишна соларна конференција во организација на Македонската соларна асоцијација - Солар Македонија. Пред присутните компании, инвеститори и експерти од секторот, Божиновска порача дека соларната енергија е веќе реалност во домашниот енергетски сектор, но дека во следната фаза е потребен подобро планиран и подлабок системски пристап.

Министерката подвлече дека изградбата на нови капацитети од обновливи извори мора да биде усогласена со капацитетот на дистрибутивната и преносната мрежа, со цел да се обезбеди долгорочна стабилност и функционалност на целиот енергетски систем.

Со новата законска рамка за енергетика и обновливи извори се воведуваат годишни планови за развој на инфраструктурата кои однапред ќе дефинираат каде и под кои услови ќе можат да се градат нови енергетски капацитети. Покрај ова, Министерството става акцент врз модернизацијата и дигитализацијата на мрежата, како и врз развојот на системи за батериско складирање на енергијата.

Паралелно се вршат подготовки и за идно користење на нови технологии, меѓу кои е изготвувањето на првата сеопфатна Водородна студија, додека новиот гасен интерконектор со Грција се проектира да овозможи и иден транспорт на зелен водород. Божиновска им порача на инвеститорите дека државата нуди отворена врата и сигурност, но исклучиво преку јасни, еднакви и предвидливи правила за сите учесници на пазарот.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.