Исплатени 61,2 милиони денари за органско производство за 2024 година

Исплатени 61,2 милиони денари за органско производство за 2024 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска реализираше исплата од 61.261.085 денари на сметките на 1.049 земјоделски стопанства за органско производство за 2024 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Финансиските средства се исплатени преку програмите за дополнителни директни плаќања, а висината на поддршката е пресметана според пријавената обработувана површина и одгледуваната бројност на грла добиток.

Оваа директна поддршка има за цел да го олесни работењето на земјоделците кои применуваат сертифицирани органски практики, истовремено поттикнувајќи го одржливото земјоделско производство и зголемувањето на понудата на квалитетна домашна храна.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.