Спречен обид за шверц на граничниот премин Табановце: Унгарски државјанин во повеќе торби сокрил 200.000 евра

Спречен обид за шверц на граничниот премин Табановце: Унгарски државјанин во повеќе торби сокрил 200.000 евра

Царинските службеници на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален внес на непријавени девизни средства во износ од 200.000 евра. Непријавените пари биле откриени кај унгарски државјанин кој се пријавил за влез во државата, а кој претходно не ги пријавил средствата кај царинските органи согласно законските прописи. Поради постоење сомнеж, возилото било селектирано за контрола, при што бил извршен детален преглед.

При деталната контрола на возилото се откриени девизни средства распределени во повеќе црни торбички сокриени на неколку локации. Помеѓу менувачот во ташна била пронајдена торбичка со 65.000 евра. Во ранец на задното седиште, покриена со компјутер, се откриени 37.650 евра, додека во куфер со гардероба била пронајдена уште една торбичка со 97.350 евра.

Согласно Законот за девизно работење, на патникот му се вратени 10.000 евра, додека останатите 190.000 евра се привремено задржани со Потврда за задржани средства. Против сторителот е поднесена соодветна прекршочна пријава.