Николоски најави нови директни авионски линии и повеќе туристи - Потпишан Договор за авиосообраќај со Велика Британија

Николоски најави нови директни авионски линии и повеќе туристи - Потпишан Договор за авиосообраќај со Велика Британија

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, потпиша меѓудржавен Договор за авиосообраќај со министерот за воздухопловство на Велика Британија, Keir Mather.

Според објавата на министерот Николоски, овој договор претставува значаен чекор во развојот на македонскиот авиосообраќај, отворајќи нови можности за економски развој и туризам.

„Со Keir Mather, министерот за воздухопловство на Велика Британија, потпишавме меѓудржавен Договор за авиосообраќајот. Со овој договор создаваме услови за привлекување на бројни туристи од Велика Британија“, истакна Николоски.

Како што посочи министерот, клучните придобивки од потпишувањето на Договорот се:

- Отворање можност за воведување на нови директни авиолинии помеѓу двете земји.

Подобри конекции, нови дестинации и конкуретни цени за патниците.

- Обезбедување голема безбедност и сигурност во авиосообраќајот.

Потпишувањето на овој договор се очекува да го зголеми воздушниот сообраќај и да ги зајакне економските врски меѓу Македонија и Велика Британија.

Следете ги најновите вести на Viber
Николоски најави нови директни авионски линии и повеќе туристи - Потпишан Договор за авиосообраќај со Велика Британија