САД воведе дополнителни санкции против Русија поради, како што се наведува, несериозниот пристап на Москва кон мировниот процес за завршување на војната во Украина.
Овие најнови мерки имаат за цел да го зголемат притисокот врз рускиот енергетски сектор и да ја намалат способноста на Русија да обезбеди приходи за воената индустрија и економијата.
„Сега е време да се запре убивањето и за итно примирје“, изјави министерот за финансии, Скот Бесент. „Со оглед на одбивањето на претседателот Путин да ја заврши оваа бесмислена војна, Министерството за финансии ги санкционира двете најголеми руски нафтени компании што ја финансираат воената машина на Кремљ.“
Бесент додаде дека Министерството е подготвено да преземе дополнителни мерки доколку е потребно за поддршка на напорите на претседателот Трамп за ставање крај на уште една војна, и ги охрабри сојузниците да се приклучат и да ги почитуваат овие санкции.
Оваа одлука директно ги таргетира двете најголеми руски нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“, како и голем број на нивни подружници во Русија.