Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово лишија од слобода две лица од истиот град, 45-годишната С.Б. и 52-годишниот Р.Т., поради сомнение за извршено физичко насилство, разбојништво и обид за принуда над 64-годишен сограѓанин.
Според пријавата во полицијата, Осомничената С.Б. со измама го повикала оштетениот во својот дом под изговор дека ѝ е потребна помош за купување мобилен телефон. По пристигнувањето во дворот од куќата, Р.Т. физички го нападнал 64-годишниот маж, додека С.Б. насилно му ги одзела парите и мобилниот телефон.
По физичкиот напад и грабежот, двајцата напаѓачи со принуда го одвеле оштетениот во просториите на локално финансиско друштво со цел тој да подигне брз паричен кредит за нивни потреби.
За време на постапката за аплицирање, оштетениот успеал дискретно да ѝ сигнализира на вработената дека е жртва на принуда и дека постапува под закана. По примениот сигнал, вработената веднаш алармирала во полиција, по што екипи на СВР Куманово брзо интервенирале на лице место и ги лишиле од слобода двајцата осомничени. По целосно документирање на настанот, против С.Б. и Р.Т. ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави до надлежното обвинителство.

