Количеството на превезената стока во товарниот патен превоз во третиот квартал е намален за 22,2 проценти во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Намалување на обемот на превезена стока на годишно ниво е евидентирано и кај останатите видови транспорт. Во воздухопловниот превоз количеството на превезена стока бележи пад од 7,6 проценти, додека во железничкиот превоз намалувањето изнесува 1,1 проценти во однос на третиот квартал лани.
Според статистичките показатели за третиот квартал, во градско-приградскиот превоз биле превезени вкупно 7.149.000 патници, додека во патниот патнички превоз бројот на превезени патници изнесувал 942.000.
Во истиот период, преку воздухопловниот превоз биле превезени 1.375.212 патници, додека железничкиот превоз го искористиле вкупно 19.000 патници.

