Започна реконструкцијата на сместувачките капацитети во бањата „Кежовица“ и уредувањето на локалитетот Л’џи

Започна реконструкцијата на сместувачките капацитети во бањата „Кежовица“ и уредувањето на локалитетот Л’џи

Општина Штип ги започна активностите за уредување на локалитетот Л’џи во Ново Село и реконструкција на сместувачките капацитети во бањата „Кежовица“, најави градоначалникот Иван Јорданов, како дел од поширок проект за зачувување и афирмација на културно-историското наследство на градот.

Според информациите од општината, финансиските средства за реализација на проектот се обезбедени преку програмата за прекугранична соработка со Бугарија, со дополнително финансиско учество на Општина Штип.

Паралелно со тековните активности, за 2027 година се планирани реставрација и фасадно уредување на десетина куќи во Ново Село, како и расчистување на речното корито и реставрација и осветлување на мостот кај Л’џи.

Од локалната самоуправа наведуваат дека целта на овие зафати е Ново Село да го зачува својот автентичен изглед и да прерасне во музеј на отворено, со што ќе се зголеми туристичката атрактивност и ќе се промовира културно-историското наследство на Штип.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.