ЗАПОЧНА СО РАБОТА ПЛАТФОРМАТА ЗА ИНСТАНТ ПЛАЌАЊА, ЦЕЛОСНА ПРИМЕНА ПО ЈАНУАРИ 2027 ГОДИНА: Можности за инстант плаќање преку телефонски број и е-пошта

ЗАПОЧНА СО РАБОТА ПЛАТФОРМАТА ЗА ИНСТАНТ ПЛАЌАЊА, ЦЕЛОСНА ПРИМЕНА ПО ЈАНУАРИ 2027 ГОДИНА: Можности за инстант плаќање преку телефонски број и е-пошта

Платформата на клонот на ТИПС, која претставува технолошка основа за воспоставување на Националниот инстант платен систем и плаќања во реално време 24 часа дневно, седум дена во неделата, официјално почна со функционирање, соопшти Народната банка. Деловните банки во земјата треба да го завршат техничкото поврзување и пристапувањето кон системот заклучно со јануари 2027 година, по што услугата ќе стане целосно оперативна и достапна за граѓаните и за бизнис-секторот.

Заокружувањето на процесот на воспоставување на регионалната платформа денеска во Банката на Италија го одбележаа гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, заедно со гувернерите на централните банки од Западен Балкан - Гент Сејко (Албанија), Јасмина Селимовиќ (Босна и Херцеговина), Ахмет Исмаили (Косово) и Ирена Радовиќ (Црна Гора), гувернерот на Банката на Италија Фабио Панета и италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка Антонио Тајани. Со целосната оперативност на системот, преносот на пари ќе се реализира за само неколку секунди во секое време од денот и ноќта, вклучително и за време на викенди и празници.

Клонот на ТИПС е платформа развиена и управувана од Банката на Италија врз основа на технологијата на ТИПС (TARGET Instant Payment Settlement) на Евросистемот, преку која се овозможува порамнување на плаќањата во реално време во националните валути на петте земји учеснички од Западен Балкан и во евра. Проектот започна минатата година, од ноември годинава сите пет земји од регионот се приклучени за инстант плаќања во своите национални валути, а во следниот период се очекува воведување и на прекугранични плаќања во евра меѓу овие држави.

Покрај брзината на трансакциите, новата инфраструктура ќе овозможи развој и воведување нови дигитални платежни услуги усогласени со европските стандарди. Меѓу нив се иницирање плаќања преку мобилен телефонски број или електронска адреса, барање за плаќање, проверка на примачот, онлајн плаќања и плаќања преку интероперабилни кодови, што ќе го олесни секојдневното работење на трговците и малите компании и ќе ја забрза дигитализацијата на јавниот и приватниот сектор.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.