Македонскиот рубин и природното богатство добиваат институционална поддршка: Потпишан Меморандум за промоција на геонаследството

Македонскиот рубин и природното богатство добиваат институционална поддршка: Потпишан Меморандум за промоција на геонаследството

По воспоставувањето институционална заштита за македонскиот рубин, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини започнува нова фаза за негова поширока афирмација и промоција на целокупното геолошко и палеонтолошко наследство на државата.

Министерката Сања Божиновска и претседателот на Здружението за промоција на природните науки „Откритие“, Илија Петковски, денеска потпишаа Меморандум за соработка. Со овој документ се здружуваат институционалните, научните и стручните капацитети со цел заштита, валоризација и промоција на минералното богатство пред домашната и меѓународната јавност.

Развој на геотуризмот

Министерката Божиновска истакна дека Македонија поседува исклучително богато геолошко наследство кое со децении било недоволно промовирано. Според неа, целта на оваа иницијатива е да се развие научната свест, да се доближи геологијата до граѓаните, да се поттикне интересот кај младите и да се даде силен поттик на геотуризмот како дел од националниот идентитет и економски потенцијал.

На потпишувањето на Меморандумот присуствуваше и Деан Шкартов, долгогодишен познавач и промотор на македонскиот рубин, чија минералошка колекција има значаен придонес во афирмацијата на домашните природни богатства во земјата и странство.

Формирање на Центар за промоција на геонаследството

Со договорената долгорочна соработка се предвидува организирање изложби, научно-популарни настани, работилници и едукативни програми. Исто така, ќе се градат партнерства со домашни и странски музеи, универзитети и научни установи.

Како директен резултат од оваа соработка, во просториите на Министерството ќе биде формиран Центар за промоција на геонаследството. Овој центар ќе функционира како постојан изложбен и едукативен простор за презентација на минерали, кристали и фосили, каде стручната фела и институциите заеднички ќе работат на зачувување и меѓународна презентација на македонското природно богатство.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.