Малку поинакво возење низ Дебар Маало: Бар-велосипед е новата атракција во Центар

Малку поинакво возење низ Дебар Маало: Бар-велосипед е новата атракција во Центар

Во пресрет на големиот јубилеј - 50 години од основањето на Општина Центар, градоначалникот Горан Герасимовски најави нова, забавна атракција која ќе внесе дополнителна живост низ улиците на Дебар Маало.

Станува збор за атрактивен бар-велосипед, кој нуди поинакво искуство за рекреација и дружење низ оваа позната скопска населба.

Новата атракција веќе циркулира низ дебармалските улици и ќе биде достапна за граѓаните и посетителите сè до 21 септември. сите заинтересирани ќе можат да уживаат во ова необично возење секој ден, во периодот од 17:00 до 23:00 часот.

Градоначалникот Герасимовски и самиот го испроба бар-велосипедот, истакнувајќи дека комбинирањето добра музика, добро друштво и рекреација е одличен начин за освежување во летните вечери.

Воведувањето на оваа содржина е дел од пошироката програма со која Општина Центар одбележува 50 години постоење.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.