Владата префрли над 8,8 милиони денари на Општина Кавадарци за обесштетување од суша

Владата префрли над 8,8 милиони денари на Општина Кавадарци за обесштетување од суша
Сподели:

Владата префрли 8.879.851 денар на сметката на Општина Кавадарци за санирање и ублажување на штетите предизвикани од природната непогода - суша. Со овие средства ќе се реализира најавеното обесштетување на земјоделците од овој регион кои претрпеа сериозни загуби во земјоделското производство.

Градоначалникот Митко Јанчев потврди дека финансиската поддршка е веќе пристигната и дека локалната самоуправа ги презема сите потребни чекори за брза распределба на парите.

Од Општина Кавадарци информираат дека префрлените средства ќе им бидат исплатени на погодените земјоделски производители веднаш по завршувањето на административните процедури.

Во тек е целосна обработка и комплетирање на потребната документација за секое поединечно барање, по што паричната помош ќе биде директно префрлена на сметките на земјоделците во најкраток можен рок.

Оваа финансиска инјекција доаѓа како директна поддршка за земјоделците, каде што долгиот период на суша нанесе штети врз лозовите и овошните насади, како и врз останатите земјоделски култури.