Во текот на вчерашниот ден (23.09.2025) во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, вкупно се издадени 644 платни од кои 183 се сообраќајни прекршоци за непрописно паркирање и 158 прекршоци за управување на возилото со брзина поголема од пропишаната.
Согласно одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се изречени и 82 прекршоци за возачи кои управувале возила без возачка дозвола, потоа евидентирани биле 33 прекршочни санкции за користење на мобилен телефон и 37 прекршоци заради неносење сигурносен појас, додека пак за неносење заштитен шлем биле санкционирани 27 возачи на мотоцикл.
Исто така, санкционирани се двајца возачи на електрични тротинети, петмина возачи што поминале на црвено светло како и 10 возачи што управувале возило со недозволено количество алкохол во крвта. Воедно од страна на полициските службеници вчера се лишени од слобода и петмина возачи на коишто ќе им бидат поднесени кривични пријави по основ на член 297-а од КЗ на РСМ („безобзирно управување моторно возило“) затоа што кај нив се детектирани вредности на алкохол во крвта над 1,5 промили. Инаку, согласно Законот за возачи од сообраќај се отстранети 16 возила заради непоседување важечка сообраќајна дозвола, како и четири возила поради техничка неисправност.
Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.