Мицкоски: Платите пораснаа за над 10,5% во јули, а државниот и јавниот долг е намален

Мицкоски: Платите пораснаа за над 10,5% во јули, а државниот и јавниот долг е намален

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска истакна дека според последните податоци на Државниот завод за статистика, платите во јули 2025 година пораснале за повеќе од 10,5% во споредба со јули 2024. Мицкоски ја истакна важноста на овие податоци како доказ за растот на економијата, а посебно на платите и ја разбија тезата на опозицијата дека во неговиот мандат не се остваруваат подобрувања на економски план.

„Секогаш треба да работиме повеќе за да создадеме услови во кои бизнисите ќе се развиваат и ќе можат да обезбедат повисоки плати за работниците“, изјави премиерот.

Во врска со критиките на опозициската партија СДСМ, Мицкоски посочи дека нивните тврдења дека платите не растеле, а задолжувањето на државата се зголемило, се покажуваат како неосновани. Според него, податоците објавени од Државниот завод за статистика го покажуваат спротивното, со што ги демантирале тврдењата на опозицијата.

Покрај растот на платите, премиерот истакна дека по долг период, за првпат, и државниот и јавниот долг се намалени. Државниот долг се намалил за 4%, додека јавниот долг за 2,7% на крајот од вториот квартал на 2025 година.

Мицкоски: Платите пораснаа за над 10,5% во јули, а државниот и јавниот долг е намален