ТИТАН УСЈЕ ќе исплати 1.488 денари авансна дивиденда по акција за првата половина од годината

ТИТАН УСЈЕ ќе исплати 1.488 денари авансна дивиденда по акција за првата половина од годината

Одборот на директори на ТИТАН УСЈЕ АД Скопје донесе одлука за распределба на аванс на дивиденда за периодот јануари-јуни 2026 година, информираат од компанијата преку објава на Македонската берза. Во првите шест месеци од годинава Друштвото оствари добивка во износ од 839.202.565 денари. Од оваа остварена добивка, за аванс на дивиденда ќе се распредели бруто износ од 838.910.592 денари, што соодветствува на 1.488 денари бруто поединечно за една акција.

Според донесената одлука, последниот ден на тргување со право на аванс на дивиденда е 7 октомври 2026 година, додека првиот ден на тргување без ова право е 8 октомври 2026 година. Листата на акционери кои имаат право на аванс на дивиденда ќе се утврди според евиденцијата на 9 октомври 2026 година.

Исплатата на средствата кон акционерите ќе се изврши најдоцна до 31 декември 2026 година. Одлуката стапува во сила со денот на нејзиното донесување, а за сите потребни дејствија за реализација е овластен Главниот извршен директор на компанијата.