Бруто-домашното производство на електрична енергија во вкупната потрошувачка на електрична енергија учествува со 93.2% во август

Бруто-домашното производство на електрична енергија во вкупната потрошувачка на електрична енергија учествува со 93.2% во август

Државниот завод за статистика (ДЗС) ги објави податоците за енергетскиот биланс во август, кои покажуваат дека домашното производство на електрична енергија покрива висок процент од бруто-домашната потрошувачка, додека е забележано значително намалување на потрошувачката на природен гас и нафтени продукти.

Вкупната бруто-произведена електрична енергија во август 2025 година изнесува 381.301 МWh.

Домашното производство учествува со 93,2% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија.

Вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува 409 092МWh електрична енергија, 20.185 мил. нм3 природен гас, 267 987 тони јаглен и 110 475 тони нафтени продукти.

Потрошувачката на природен гас е намалена за 40,1%. Ова намалување директно се поврзува со намалената активност на когенеративните постројки.

Потрошувачката на нафтени продукти исто така бележи пад од 7,5%.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.