Министерот Љутков најави голем проект за конзервација и ревитализација на Виничко Кале

Министерот Љутков најави голем проект за конзервација и ревитализација на Виничко Кале

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска е во посета на Општина Виница во ќе се започне со конкретни инвестиции и проекти од областа на културата.

Со тоа како што рече Љутков покажуваме дека и помалите општини заслужуваат системска поддршка и внимание, особено кога станува збор за заштита и промоција на културното и историското наследство.

На археолошкиот локалитет Виничко Кале, каде е откриено едно од најзначајните богатства на македонската археологија со ретка уметничка и духовна вредност, познатите теракотните икони, министерот најави почеток на голем проект за истражување, конзервација и ревитализација на локалитетот.

„Во 2026 година Министерството за култура и туризам, преку своите институции: Националниот конзерваторски центар и Археолошки музеј од Скопје заедно со локалниот Музеј „Теракота“ од Виница, ќе започне со реализација сеопфатен проект за истражување, заштита, конзервација и ревитализација на локалитетот. Проектот вклучува целосна конзервација на објектите и на бедемите, структурна стабилизација на загрозените делови, како и современи археолошки истражувања, што ќе овозможат долгорочна заштита и достапност на локалитетот за јавноста“, рече Љутков.

Целта е, како што истакна министерот, Виничко Кале да стане централна точка за културен туризам, научни истражувања и едукативни програми во овој дел на државата. Тоа не значи само зачувување на наследството, туку и нова перспектива за економски и туристички развој на целиот регион. Локалитетот ќе стане жив културен простор, отворен за сите граѓани, посетители и идни генерации.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.