Министерството за финансии работи на подготовка на Буџетот за 2027 година

Министерството за финансии работи на подготовка на Буџетот за 2027 година

И покрај празничните и викенд денови, тимот на Министерството за финансии продолжува со непрекинати активности на подготвување на најважниот финансиски документ за следната година. Додека во Собранието трае расправата за ребалансот на Буџетот за 2026 година, во Министерството паралелно и интензивно се одвиваат процесите за креирање на Буџетот за 2027 година.

Од Министерството за финансии истакнуваат дека зад секој буџет стои обемна и посветена работа, проследена со бројни консултации, анализи и донесување одлуки кои се од директно значење за сите граѓани.

Од Министерството нагласуваат дека одговорноста кон управувањето со јавните финансии бара континуирана ангажираност на целиот тим.

Процесот на изработка на новиот буџет се одвива со фокус на обезбедување финансиска стабилност, поддршка на економскиот раст и соодветно планирање на сите клучни потреби на државата за претстојната година.